„Човек кој чита живее илјада животи пред да умре. Човекот кој никогаш не чита живее само еден.“


– Џорџ Р.Р. Мартин

Добро дојдовте на веб страната на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје

Покрај богатата збирка од печатени изданија, на нашата веб-страница имате можност да пристапите и до онлајн колекцијата на Е-книги, за да уживате во читањето каде и да се наоѓате.

Е – книги

Библиотеката нуди широк спектар на услуги по пристапни цени – членарини, користење на читални, организирање на настани, обуки и повеќе. Деталниот ценовник можете да го погледнете со клик на копчето.

Ценовник

Библиотекарите препорачуваат

Актуелно

Уписи за курсот по англиски јазик во библиотека ,,Другарче”
Уписи за курсот по англиски јазик во библиотека ,,Другарче”

Останати се само уште неколку празни места!Курсот е наменет за ученици од III до IX одделение.Часовите се одржуваат двапати неделно, во траење од 60 минути, приспособени според училишниот распоред. Програмата е по материјалите на издавачката куќа Hamilton House.Изучувањето на англискиот јазик е лесно и интересно – вистинска авантура со љубопитниот Јети и неговите пријатели. Курсот ќе им помогне на учениците да го развијат говорниот и писмениот англиски, да учествуваат во забавни активности и да стекнат самодоверба за користење на јазикот во секојдневни ситуации...

Голема донација на книги од нашите драги пријатели ,,Чудна шума”
Голема донација на книги од нашите драги пријатели ,,Чудна шума”

24 најнови наслови од нивната продукција, или вкупно 170 нови книги, наскоро ќе бидат достапни за нашите читатели – особено за најмладите. Со оваа донација значително ќе се збогати нашата детска збирка, овозможувајќи им на најмладите да уживаат во нови приказни, илустрации и авантури кои ќе ја поттикнат нивната љубов кон читањето. Книгите опфаќаат различни жанрови — бајки, едукативни сликовници, книги со активности, како и нови наслови од современи автори за деца...

Значењето на книгата низ очите на Лидија, библиотекарка со срце
Значењето на книгата низ очите на Лидија, библиотекарка со срце

Нашата драга Лидија, омилената библиотекарка на многу генерации читатели од Аеродром и пошироко минатата недела ја пречека екипата на Канал 5 Телевизија. Со новинарката Бисера Ловачева разговараа за библиотеката „Јане Сандански“ (зад Капитол) и зошто таа е една од најактивните скопски библиотеки Лидија со многу љубов говори за значењето на книгата во денешното дигитално време и сосема ненаметливо дава широка препорака за сите генерации. Една убава мисла вели ✍️ „Да се биде библиотекар е да се биде светилник во океанот на информации.“ Во текот на разговорот, Лидија ги истакна и бројните активности на библиотеката – од работилници за деца, средби...

previous arrow
next arrow

🍁 —Книга на месец септември— 🍁

🍁 — Гласај за книга на месец октомври — 🍁

„Три Марии“ — Оливера Ќорвезироска
„Три Марии“ — Оливера Ќорвезироска

„Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска е книга за месец септември и почеток на 4. сезона на нашата голема кампања #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори.

Прочитај повеќе

Во рамките на кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори ги вклучуваме сите читатели со цел да ги поддржиме современите македонски автори и да читаме повеќе наши дела.

🗓️ Гласањето е отворено до 30 септември.

Дај ѝ глас на домашната приказна — кого предлагаш за месец октомври?

Кликни тука за да гласаш